Вреди прави пратеничка група без пратениците на Таравари


Беким Ќоку ќе биде новиот координатор на пратеничката група на Вреди со која досега раководеше Халил Снопче од Алијанса за Албанците на Арбен Таравари, најавил за „Слободен печат“ висок функционер на Вреди. Со тоа расколот во Вреди веќе се рефлектира и во Собранието и очекувањата се дека ќе се формира нова пратеничка група на АА на Таравари.

Засега нема информација кога Вреди формално ќе го извести претседателот на Собранието Африм Гаши за промена на шефот на пратеничката група. Ќоку е независен пратеник од Самоопределување кој на изборите настапи со коалицијата Вреди, а по расколот остана во друшто на Изет Меџити, Билал Касами и Зеќирија Ибрахими.

Актуелниот координатор на Вреди, Снопче, вели дека тој уште е шеф на пратеничката група на Вреди и дека за каква било промена чекаат потег од доскорешните партнери на коалицијата.