„Вреди“ нема да инсистира за промена на грбот и химната

Во интерву за „Рацин.мк“ вицепремиерот Изет Меџити вели дека како коалиција Влен, нема да инсистираат да има уставни измени само за државните симболи, грбот и химната, и за замена на терминот 20 отсто со „албански јазик“. Тој вели дека сега засега нема политички договор за промена на државните симболи и дека се водат прелиминарни разговори.
Меџити вели дека „приоритет се столбовите на владината програма и приоритет над приоритетите се евроинтеграциите. Ако сакаме да ги разговараме, ние не бегаме, нема табу теми, ќе седнеме да маса како за внатрешните теми, така и за Бугарија, којашто ние е сосед, член на ЕУ, партнер во НАТО. Ние цениме дека тие треба да ни помагаат во тие процеси и ние како претставници на Албанците ќе гледаме да влеземе во ова со позитивна енергија, да го помагаме процесот“.
Тој зборува и за пресвртот што го направи ДУИ во 2017 кога одби да влезе во владата кога на чело на ВМРО-ДПМНЕ беше Никола Груевски. Меџити беше еден од клучните луѓе во ДУИ кои го одвратија Али Ахмети да ја продолжи коалицијата со Груевски.
„Мораше да дојде до промена, свесно бев еден од луѓето внатре во партијата каде што имаше долги дебати и аргументирав зошто треба да се прекине соработката со Груевски и треба да се почнат разговорите со Заев. Стратешки тоа беше добра одлука и за граѓаните и за ДУИ, но и за државата, бидејќи со новите политики Македонија стана член на НАТО што мислам дека дава друга димензија на настаните. Никој веќе не мисли на безбедносниот аспект бидејќи тоа е гарантирано од страна на НАТО. Јавно се борев за тоа и мислам дека беше позитивен чекор и на некој начин го спаси ДУИ во тоа време, му даде на ДУИ нов кредит во политичкиот живот. Ја поддржав таа влада тогаш, јас ги водев преговорите 2017 година за формирање на владата“м вели Изет Меџити во интервју за „Рацин“.