„Вреди“ му кажале на евроизвестувачот Вајц дека обрската за уставните измени треба да се исполни

Раководството на Коалицијата „Вреди“ – Арбен Таравари, Билал Касами, Зеќирија Ибрахими и пратеничката Мерита Колчи-Коџаџику денеска оствари средба со европратеникот и постојан известувач на Европскиот парламент, Томас Вајц.
Како што инфпормираат од собраниската прес-служба, претставниците на „Вреди“ како нивен врвен приоритет го потенцирале членството во Европската унија. За остварување на таа цел, била изразена свесност за спорот со Бугарија и дека уставните измени се обврската што треба да се исполни.
Тие како коалициски партнери Албанци искажале разбирање за позицијата на Македонците и чувствителноста на прашањето, особено земајќи го предвид лошото искуство од минатото со промената на името поради спорот со Грција.
Известителот Вајц информирал за своите познавања и искуства во регионов и ги истакнал своите заложби за приклучување на истиот во масата европски нации, затоа што таму и припаѓа. Изразил свесност за разноврсноста на регионов и го поддржува онаков каков што е. Вајнц искажал мотивираност да придонесе кон остварување на целта и се заблагодарил за конструктивниот пристап. Најавил заложби за одврзување на јазолот со Бугарија и спуштање на дебатата на разумно ниво. На крајот, изразил уверување дека ќе се залага да изготви фер извештај за нашата земја, со позитивен тон.