Вреди: ДУИ 20 години ги труеше институциите со корупција

Од Вреди посочија дека министерот на ДУИ,  Насер Нуредини, ја дал дозволата на складиштето во Трубарево


ДУИ 20 години го распаѓаше системот. Последиците ги сносиме сите, за жал граѓаните најмногу, обвини коалицијата Вреди преку соопштение.

„ДУИ, која две децении по ред ги труеше граѓаните со корупција, денеска најде храброст да зборува за воздухот во Скопје. Дволичноста нема граници. А каде бевте кога Скопје секоја година излегуваше на листите на најзагадените градови во светот со неколку ваши министри за животна средина? Каде бевте кога граѓаните протестираа за чист воздух и против дивите депонии, додека вие правевте математики кој колку проценти ќе земе од тендери? Што се однесува до ‘личните интереси’ што ги споменува ДУИ, вие, со целата ваша криминализирана клика во 20 години власт, за малку што не влеговте во Гинисовата книга на рекорди за корупција и злоупотреба на државните ресурси. Депониите се создаваа додека вие купувавте трговски центри, нафтен бизнис и централи со фотоволтаици. Депониите околу Скопје, во Тетово, во Кичево и во Струга се наследство од времето на ДУИ“, соопшти Вреди.

Министерството за животна средина и просторно планирање, предводено од Изет Меџити, реагираше веднаш, координирано и заедно со сите надлежни органи и институции, вклучувајќи ги и противпожарните служби и сите надлежни институции, наведено е таму.

„Ситуацијата веќе е под контрола и граѓаните се информираат навремено. Палењето на депониите било во ‘Дрисла’, во Шуто Оризари или во Трубарево во пресрет на изборите ја отвора темата за обидите за дестабилизација на кои и претходно укажувавме. Граѓаните добро знаат кој е одговорен за оваа состојба и на 19 октомври ќе го дадат заслужениот одговор“, се вели во соопштението.
 

Од Вреди исто така посочија дека министерот на ДУИ,  Насер Нуредини, ја дал дозволата на складиштето во Трубарево

„ДУИ е партијата што ја дала дозволата за работа на складиштето за електронски отпад во Трубарево, отпад што се наоѓа во населено место, веднаш до градот Скопје. Потписот на дозволата за работа на овој ризичен отпад е на министер, личен избор на Али Ахмети и близок и личен другар на Бујар Османи.ДУИ денеска се обидува да ја префрли одговорноста врз други, но граѓаните знаат дека токму оваа партија е главниот виновник за еколошката катастрофа која ја живее Скопје и цела Северна Македонија.

 
Бујар Османи е во тежок зорт кога почна да си ги мести и своите сопартијци, во овој случај неговиот довчерашен колега Насер Нуредини. ДУИ е партијата што ја дала дозволата за работа на објектот во Трубарево, отпад што се наоѓа во населено место, веднаш до градот Скопје. 
Потписот на дозволата е на министер, личен избор на Али Ахмети и близок другар на Бујар Османи.
ДУИ 20 години раководеше со екологијата во државата. За тие две децении создадоа депонија во центарот на Тетово, депонија во центарот на Кичево, депонија веднаш до Струга, како и десетици депонии околу Скопје.Наместо решенија, ни оставија отровна животна средина. ДУИ управува и со јавното претпријатие задолжено за отпадот во Скопје. Директорот е нивен кадар. Ако денес Скопје се гуши во чад и отрови, тоа е директна последица на нивното партиско владеење и нефункционалност на институциите под нивна контрола. ДУИ нема право да зборува за екологија. Тие се симбол на партизација, корупција и урбан хаос. Граѓаните на 19 октомври ќе кажат стоп на оваа политика и ќе изберат власт што ќе ја врати чистата животна средина, ќе ги затвори дивите депонии и ќе воведе ред во управувањето со отпадот.
На ДУИ треба да му се инсталира детектор за лаги без одлагање. Количеството на лаги кои го пласираат станува медицински проблем. Како е можно ДУИ да го обвинува Изет Меџити за дозвола потпишана и издадена во време кога министер е Насер Нуредини? Како е можно партијата која 20 години раководи со ресорот животна средина да го обвинува Изет Меџити, кој е министер само 1,5 година?Како е можно ДУИ да е толку отуѓена од реалноста за вака дрско да ги потценува граѓаните?“, возвартија од Вреди.