Врчак за Андреј од ДНК: Последната песна ја снимавме неколку дена пред да загине


Последната песна со Андреj. Јас до вечерва не можев да слушам музика, пишува Раде Врчаковски-Врчак, композитор и продуцент, кој беше добар пријател со членовите на бендот ДНК. Нивната заедничка песна „Посреќна“од 2023 , всушност го врати Врчак на „сцена“ по 15 години отсуство. 

 

„Не можев ниту на фејсбук да гледам ништо. Уште не можам, уште закрепнувам. Ама пред малку ја пуштив да ја слушнам последната песна со Андреј што ја снимавме неколку дена пред да загине – кога му го слушнав гласот ме врати во живот. Цела љубов и позитивна енергија на Андреј ми се врати во душата, а цела тага ми се претвори во уште поголема љубов“, пишува Врчак по трагедијата во Кочани.