Вработените од „Тиквеш“ заиграа на „Џерусалема“ (видео)


Празникот на лозарите Св.Трифун денот кога симболично се закројуваат лозјата со желби за добар род и годинава пригодно се одбележува.

Најголемиот производител на вино кај нас, винарската визба „Тиквеш“ од Кавадарци, покрај другото, за Св. Трифун подготви и видео. Тие се приклучија кон интернационалниот танцувачки предизвик „Џерусалема“ чија цел е да се испрати порака за единство и ведрина во време на светската пандемија.
„Предизвиците со кои изминатата година се соочивме сите, инспирираа милион нови начини за пренесување на пораки за надеж, ведар дух, ентузијазам, заедништво.
Tимот на Тиквеш ја испраќа својата благородна порака, раскажувајќи ја македонската винска приказна во ритамот на љубовта и сплотеноста како дел од предизвикот Јерусалема.
Затоа токму денеска, во духот на големиот празник Св. Трифун, додека се закројуваат лозјата со желби за плодна винска година, се надеваме дека ќе успееме да допреме до вас преку оваа видео приказна и дека ќе ја почувствувате нашата страст и енергија за виното и за животот.
На здравје за подобро утре и просперитет!
На здравје за новиот род и поубав свет!“, стои на Фејсбук страницата на Тиквеш“.
Уживајте во видеото.