Воведениот плафон на цената на руската нафта воведен од Г-7 функционира


Воведениот плафон на цената на руската нафта работи и САД продолжуваат да ги охрабруваат земјите да купуваат нафта само по цена согласно ограничувањето, изјави синоќа за МИА Џон Кирби, координатор за стратешки комуинкации во Белата куќа. 

-Идејата со плафонот на цената е да се ограничи способноста на Путин да профитира од пазарот со нафта, но да не се создаде спротивен ефект во снабдувањето (на глобално ниво), изјави тој. 

Механизмот e дел од санкциите против Русија воведен на почетокот на годинава од Г-7, групата на најразвиени економии, и овозможува земјите да купуваат нафта и горива од Русија до одредена цена. осигурителните компании не смеат да даваат покритие за танкерски превоз на нафта купена за повисока цена од плафонот, во спротивно се соочуваат со казни. Плафонот заасега поставен на 60 долари за барел сурова нафта, 100 долари за барел бензин и 45 за барел мазут. 

Некои американски медиуми укажаа дека плафонот не е обновен од пролетва и не работи со оглед на тоа што нафтата со недели се продава поскапо (ценаta на сибирската нафта „Јуралс“ деновиве достигна и над 75 долари барел). 

На прашање од МИА дека некои земји како Индија продолжуваат да купуваат руски енергетски прозводи по цени поскапи од плафонот, и дали претседателот Бајден ќе разговара за овој проблем на самитот на Г-20 што викендов се одржува Њу Делхи, Кирби укажа дека земјите треба да го почитуваат плафонот. 

-Ова не е време за водење нормален бизнис (business as usual) со Путин и Русија. Секоја земја треба да донесе своја суверена одлука. Бевме јасни и конзистентни  со сите наше сојузници и партнери што сакаме да кажеме во однос на економските можности и трговија со Русија. Но секоја земја треба да донесе своја суверена одлука за ова, изјави Кирби.