„Волшебна елка на желби“ во Скопје
Во рамки на предновогодишниот настан „Волшебна елка на желба“, денеска околу 160 деца без родителска грижа, сместени во згрижувачки семејства добија подароци и новогодишни пакетчиња.
Црвениот крст на Град Скопје и годинава ја организираше „Волшебна елка на желба“, а посакуваните подароци – новогодишни желби беа поделени во Трговскиот центар „Рамстор“.
– На почетокот на декември, децата ги запишаа нивните новогодишни желби и ги закачија на големата елка поставена во просториите на Центарот, а потоа ги поттикнувавме сите хумани граѓани, компании, организации и институции да ја посетат нашата Волшебна новогодишна елка, да изберат некој од „лампионите“ на кои се запишани желбите, и да помогнат во остварување на искрените детски желби, изјавија од Црвениот крст на Град Скопје.
Активноста „Волшебна елка на желби“ е иницирана пред 17 години. Идејата е дека секој човек, особено дете, треба да се чувствува убаво и среќно за време на новогодишните празници, наглација од Црвениот крст на Град Скопје.