Волонтерите собраа преку 2 тона пластичен отпад за време на ЕМОФ

Викендов заврши Европскиот младински европски фестивал, кој за првпат се одржа во Македонија, а Скопје и Куманово во изминатите седум дена беа домаќини на преку 4.000 млади спортисти од целиот континент.
За време на фестивалската недела, натпреварувачите рушеа рекорди во нивните дисциплини, но паднаа и многу еко рекорди.
Во духот на тимската игра и оставањето на добар пример, волонтерите во текот на фестивалот ги координираа младите спортисти со кои одлично соработуваа и собраа преку 2 тони пластичен отпад. Или претворено во парчиња отпад, тоа се над 100.000 шишиња од вода и сокови, кои ако не завршеа во корпите за селектирање отпад на Пакомак – ќе завршеа на депонија.
Ваквиот позитивен пример покажува дека свесноста за грижата за животната средина е силно присутна кај новата генерација, која ја разбира, но и ја презема одговорноста да се грижи за околината.
Денес, кога климатските промени сè погласно нѐ предупредуваат, спортот доби и ново значење – како моќна алатка за поттикнување на одржливост, еко-свест и колективна одговорност.
Како еколошки и логистички партнер за почиста и поздрава животна средина, Пакомак го поддржа одржувањето на ЕМОФ преку поставување на опрема за селектирање и корпи во различни бои, поставени на преку 20 различни локации.
Само на отворањето на ЕМОФ беа собрани преку 7.000 пластични шишиња, а волонтерите продолжија со исто темпо и во следните денови, за да се дојде до вкупната бројка од околу 100.000 парчиња пластичен отпад.