Волонтери од Црвениот крст и „Градинарот“ ги „светнаа“ скалите на кејот во центарот на Скопје


Волонтери од Црвениот крст при Град Скопје заедно со активистот Андреј кој стана познат под псевдонимот „Градинарот“ го „светнаа“ кејот во центарот на главниот град. 

Ова фрекфентно место, се чини, не може да остане чисто подолго време. Токму затоа, во пресрет на убавите пролетни денови, овие луѓе ги засукаа ракавите и го исчистија овој дел од отпад, трева и гранки и покажаа што значи да се биде општествено одговорен и корисен за средината во која се живее.

– Уживајте во новото видео заедно со Црвен крст, овојпат на кејот на Вардар. Голема благодарност до сите волонтери кои учествуваа во акцијата. Според мене ова е една од поголемите трансформации досега. Што мислите, како испадна? – објави „Градинарот“ споделувајќи видео од акцијата. 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Gradinarot.mk (@gradinarot.mk)