Воја Брајовиќ повторно е Тихи: Погледајте го видеото кое ја обзеде Србија
Биг бендот на РТС сними нова верзија на музичката тема од легендарната серија во Југославија „Отпишани“. За потребите на снимањето на спотот, Воја Брајовиќ повторно влезе во ликот на шармантниот белградски илегалец Тихи.
Насловната тема компонирана од Миливое Миќа Марковиќ во далечната 1972 година доби нов аранжман, пишува РТС.
Биг бендот на Радио-телевизијата на Србија, со кој некогаш раководеше Миќа Марковиќ, сними спот за музичка тема која стана „химна на урбаниот Белград“.
Облечени во оригинални костими од „Отпишаните“, музичарите снимија видео на автентични локации каде серијата е создадена во Белград пред половина век.
Веќе во првите кадри од спотот се појавува легендарниот Воја Брајовиќ во улогата поради која стана сакан ширум поранешна Југославија.