Во Зоолошката градина во Битола угина нилскиот коњ Берта
Зоолошката градина во Битола објави дека вчера угина нилскиот коњ Берта стар 40 години. Во во Битола беше донесен од Зоолошка градина од Скопје.
„Берта беше омилена радост на нашите најмлади гости повеќе од една деценија. Пред да се пресели во нашата Зоолошка градина Бертасе дружеше со жителите и посетителите и на зоолошките градини во Скопје, Белград и во Виена, од каде и потекнуваше. Овој наш жител има свои потомци во зоолошките градини во Виена, Белград и Скопје.
И покрај длабоката старост Берта одржуваше солидно здравје кое и покрај континуирана нега и терапија од нашиот ветеринар, сепак не можеше многу против природниот крај за овој животински вид, кој на оваа возраст е неизбежен“, објавија од Зоолошката градина во Битола.
Од таму најавија дека тимот на ЗОО Битола веќе презема чекори современото живеалиште на нилскиот коњ да стане дом на ново животно. (А.Б.)