(Во живо) Тркалезна маса „Антикорупциско образование – пристапи и предизвици“


Фото: Б. Грданоски

Тркалезна маса на тема „ Антикорупциско образование – пристапи и предизвици“, ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Владата, канцеларијата на Обединетите нации за борба против дрога и криминал (UNODC) и германската Агенција за меѓународна соработка (GIZ).

Воведни обраќања на настанот ќе имаат вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, министерот за образование Јетон Шаќири, Владимир Георгиев, член на Државната комисија за спречување на корупцијата и претставници на UNODC и на Германската амбасада во земјава.

-Тркалезната маса ќе опфати дискусии за различните искуства и можности за дизајнирање и спроведување на антикорупциско образование во училиштата, како и градење партнерства и мрежи за подобрување на овој аспект во образовниот систем.

Проследете ја во живо: