(Во живо) Тошковски: Осомничени се 20 лица, дел од нив починале во пожарот

Има мито и коруцпија во овој случај, само што сега виновниците ќе имаат име и презиме и ќе одговараат, тврдеше Тошковски


„Осомничени се 20 лица, 15 од нив во полициска станица, дел од осомничените се починати, а дел се во болница“, објави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес конференција за пожарот во дискотеката во Кочани.

Според него, четири од осомничените лица со обезбедување во  болница – два члена на бендот, син на сопственикот на дискотеката и управител на правното лице што ја менаџирало дискотеката.

„Дел од приведените лица во полициската  станица се луѓе кои имаат директна вина со овој кривично правен настан, односно едно лице е организатор на настанот . Приведени се поранешен државен секретар на Минисетсртво за економија, поранешен  и сегашен раководител на сектор во Министерството за економија, поранешен директор на Агенција за заштита и спасување и тројца вработени во истата агенција. Направен е разговор со 25 сведоци на настанот и ќе се продолжи со операции за расфетлување на случајот“, рече Тошковски.

Тој исто така потврди дека фирмата што го организирала настанот немала легална лиценца за работа. 

„Легална лиценца за работа оваа фирма нема. И оваа лиценца, како многу други работи во минатото, е поврзана со мито и со корупција. За разлика од претходно во овој случај имаат име и презиме тие што се вклучени во нелегалното издавање лиценци и ќе одговараат.
Досега се утврдени како повредени 2о малолетни лица и три починати. Во дискотеката  имало околу 500 лица, а биле продадени 250 карти. Имињата на починатите ќе бидат диставени до семејствата кога ќе биде завршена идентификацијата, при што најголемиот број од нив се идентификуцани . Во критична сотојба има 22 лица и тие ќе бидат пренесени во Турција, во Бугарија и во Грција за соодветен третман“, рече Тошковски.

„ Денес Македонија плаче, ама одговорност ќе има за секој еден од корумпираните, неодговорните и секој има директно или посредно влијание за настанувањето на овој настан. Ќе следат и други дејствија денес и утре’, заврши тој.

Околу прашањето дека цела година дискотеката работела без лиценца а полицијата веројатно знаела и не реагирала и дали МВР издало лиценца за ракување со пиротехнички сретства поврзано со случајот, па и како било дозволено дискотеката да се реновира цело лето а градоначалникот да е апстрахиран од одговорност, Тошковски нервозно повика да не се шпекулира.

„Прашањето за лиценца издадена во 2023 година е обид за манипулација. Јас говорам за две лиценци издадени во 2024 година,  нелегални две, кои се дадени на коруптивен начин. Согласно законеските одредби надлежен за издавање дозвола за работа е Министерството за економија и досега немаме утврдено никаква одговорност на градоначалникот, тврдеше Тошковски, во стилот на ВМРО-ДПМНЕ дека сите се криви, само нивните кадри никогаш не се. 

„Уште еднаш ќе кажам, да, има мито и коруцпија во овој случај, само што сега виновниците ќе имаат име и презиме и ќе одговараат“, изјави Тошковски.  

p>