(Во живо) Свечен пречек на Штајнмаер во Скопје


Претседателот Стево Пендаровски на 29 и 30 ноември 2022 година ќе биде домаќин на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајеркој ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Северна Македонија.

 Претседателот Штајнмајер на официјална церемонија ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести, по што ќе следува тет-а-тет средба на претседателите Пендаровски и Штајнмајер и пленарен состанок на делегациите на Северна Македонија и Германија.

Во рамки на посетата, во црквата „Св. Спас“ во Скопје претседателот Штајнмајер и претседателот Пендаровски ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.