(Видео) Прес на МВР и ОЈО за двете убиства што ја потресоа јавноста

Доцна синоќа беа приведени тројца осомничени за двете убиства, меѓу кои и таткото на Вања Ѓорчевска, по која потрагата траеше цели седум дена


Фото: Б. Грданоски
 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски во зградата на Јавното обвинителство денес во 9, 30 часот ќе одржат заедничка прес конференција за случајот со грозоморното киднапирање и убиство на малолетничката и пензионерот.

Фото: Б. Грданоски

Доцна синоќа беа приведени тројца осомничени за двете убиства, меѓу кои и таткото на Вања Ѓорчевска, по која потрагата траеше цели седум дена. Четиринаесетгодишното девојче, според соопштението од Обвинителството и од МВР, било убиено со пиштол само неколку часа по киднапирањето.