(Видео) Прес на министерката за култура за финансирање проекти од национален интерес


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на 3 октомври (вторник) во 11 часот во Медија-центарот на Владата ќе одржи прес-конференција. 

На прес-конференцијата ќе стане збор за објавувањето на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2024 година.