СДСМ ја нарече стравична леснотијата со која Тошковски ја отфрли одговорноста од себе (Во живо)


 

СДСМ ја нарече „стравична“ леснотијата со која министерот Панче Тошковски ја отфрли одговорноста од себе околу несреќата во Кочани.

„Се случи огромна трагедија во која што животот го загубија речиси 60 лица, пред се млади луѓе. Болката од оваа трагедија е огромна и неизлечива. Изразуваме искрено и длабоко сочуство на семејествата и нивните блиски и посакуваме брзо опоравување на повредените и на нивните семејства“, изјави Ана Чупеска, потпретседателка на СДСМ.

„СДСМ е партија која секогаш го става јавниот интерес на прво место. Денеска на овој трагичен ден, како одговорна партија, оставивме институциите да ја вршат работата без да ги попречуваме со политичко дневни препукувања и без да ја политизраме темата и оваа трагедија. Денеска ние впрочем немавме никаква намера да ја држиме оваа прес конференција или да отвараме политички прашања, уште помалку па да обвинуваме. Тоа е затоа што имаме целосна одговорност и почит према жртвите, настраданите и нивните семејства дека луѓето тагуваат и дека тоа требаше да го направи секој одговорен политичар во државава. Но, за жал, денешната последна прес-конференција на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски не остави буквално без зборови после неговиот настап и не принуди и ние да реагираме. Леснотијата со која министерот ја отфрли одговорноста од себе и МВР со кое тој раководи повеќе од една година за оваа трагедија е стравично. Прво да го потсетиме Тошковски дека е министер веќе 13 месеци. СДСМ веруваше дека министерот ќе има доблест да ја каже вистината и нема да прави селективно известување на јавноста во врска со настаните и очекувавме дека прецизно ќе ја лоцира одговорноста и дека ќе докаже дека нема намера никој да биде поштеден од овие настани, но тоа тој не го направи. Наместо тоа Тошковски реши да политизира и да обвинува други, кога тој лично, како што кажавме е министер веќе цела година, а владата ги има сите институции на располагање веќе девет месеци“, рече Чупеска.

„Бидејќи никој досега не ги постави клучните прашања во врска со овој трагичен настан, денеска ние затоа сме на прес да ги поставиме тие прашања, рече Чупеска. Најпрво сакаме да ги запрашаме, министре Тошковски нели е срамно да не поднесете вие одговорност и оставка кога цела година оваа дискотека работи без лиценца, чија е одговорноста ако не е ваша вие тоа да го проверите. Чија е одговорноста ако не ваша и на сите инспектори кои ги водите да се побара одговорност и да се провери цела година дали има неправилности во работењето. Понатаму ве молиме одговорете и на јавноста како тоа полицијата била таму како што и самиот го кажавте истово и притоа не ја затворила дискотеката која очигледно работела надвор од сите пропишани стандарди и процедури“, нагласи Чупеска.