(Видео) Обраќање на премиерот Ковачевски на лидерскиот панел на Бледскиот стратешки форум

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски го започна учеството на Бледскиот стратешки форум кој оваа година е на тема „Солидарност за глобална безбедност“.
Премиерот Ковачевски, на Бледскиот стратешки форум денеска ќе има свое излагање на попладневниот лидерски панел заедно со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и премиерите на Словенија Роберт Голоб, на Албанија Еди Рама, на Хрватска Андреј Пленковиќ, на Бугарија Николај Денков, на Косово Албин Курти, на Србија Ана Брнабиќ, на Црна Гора Дритан Абазовиќ и претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина Борјана Кришто.