(Во живо) Потпишување на новиот Општ колективен договор за јавниот сектор
Денеска, во 16.30 часот во Владата ќе биде потпишан новиот Општ колективен договор за јавниот сектор.
На настанот свое обраќање ќе имаат премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, како и претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов.
Потоа и официјално ќе биде потпишан новиот Општ колективен договор за јавниот сектор од страна на министерката Тренчевска и претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Трендафилов.