(Во живо) Обраќање на Пендаровски на СЕФФ


Скопскиот економско финансиски форум СЕФФ продолжува денеска со дебати во рамки на форумските столбови „Енергијата, зелената транзиција и инфраструктурата“ и „После кризата: Двигатели за економски раст“.

Вториот ден од меѓународната конференција, според агендата, ќе стартува со обраќања на шефот на државата Стево Пендаровски и претседателот на Собранието Талат Џафери, по што ќе се дебатира на темите „Енергија и зелена транзиција“, „Инфраструктура, поврзаност и трговија“, „Финансиски иновации и инвестиции во услови на неизвесност“, „Нови предизвици за добро владеење“ и „Човечкиот капитрал во 21 век“.