(Видео) Премиерот Ковачевски и министерот Николовски го означија стартот на новата ИПАРД 3 програма


Премиерот Димитар Ковачевски заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во дворот на Клубот на пратеници во Скопје го означија почетокот на новата ИПАРД 3 програма.

На настанот се обратија премиерот Ковачевски и министерот Николовски и детално ги презентираа новостите во новата ИПАРД 3 програма и првите јавни повици за мерките 1 и 7 од ИПАРД 3 програмата.