(Видео) Изјави на министрите Аналена Бербок и Бујар Османи

Гедрманската министерка за надворешни работи е во Скопје да даде поддршка за евронитеграцијата и да ја поттикне промената на уставот


Сојузната министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија Аналена Бербок оствари официјална посета на Република Северна Македонија денеска, на покана на министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Разговорите меѓу двајцата министри ќе се сосредоточат на пристапниот процес на државата во ЕУ, меѓудругото и на претстојните уставни измени, како наша преземена обврска за продолжување на процесот на преговори со Унијата. Како теми на разговорите ќе се најдат и билатералните односи меѓу двете земји со акцент на богатата економска соработка, нашето претседавање со ОБСЕ и соработката во рамките на НАТО алијансата во светло на разнишаната европска безбедносна архитектура.