(Во живо) Илјадници се собраа во Белград – еден со автомобил се заби во толпата


Денес во Белград се одржува голем студентски протест. Студентите кои го блокираат ЕТФ најавија дека има промена на планот – бината ќе биде поставена кај Славија и таму ќе се одржуваат говори, а протестот ќе се одржи пред Собранието.

Собирот на граѓани почна неколку часа порано на различни локации во Белград. Целиот град е блокиран.

Околу 11 часот и 30 минути се случил инцидент кога автомобил удрил во демонстрантите кои се движеле кон центарот на градот. Три лица се повредени, а возачот е уапсен.

Маж приведен пред Собранието: Им пришол на стражарите и им се заканувал со бомби

Постар маж е приведен пред Собранието. Како што пренесува Нова.рс, мажот им пришол на чуварите и им се заканил со бомби, по што бил приведен.