Во Велс најдени тела на две бебиња, уапсени тројца
Три лица се уапсени откако тела на две бебиња најдени се во куќа во јужен Велс, јави „Гардијан“.
Уапсени се двајца мажи и жена
Полицајците се повикани во куќа во Бриџенд нешто пред 20 часот во саботата. Двајца мажи на возраст од 37 и 47 години и 29-гоишна жена уапсени се поради сомнеж дека го прикриле раѓањето на децата. И понатаму се во полициски притвор. Истрагата е во тек.
Од полицијата во Велс велат: „Ова е многу вознемирувачко и апелираме до сите кои имаат информации да контактираат со нас. Продолжуваме со опсежна истрага и ги поттикнуваме сите кои имаат информации или недоумици да разговараат со полицијата“.