Во Велика Британија најмногу починати од Ковид-19 од 5 мај


Во последните 24 часа во Велика Британија се пријавени 696 смртни случаи од коронавирусот, што е највисок дневен биланс од 5 мај.

Тоа се 88 смртни случаи повеќе од претходниот ден, јави Би-Би-Си.

Британската Влада, исто така, соопшти дека се регистрирани 18.213 новозаразени, што е голем скок од вчера кога имаше 6.914.

Од почетокот на епидемијата во Велика Британија се регистрирани вкупно 1.557.007 заразени лица, од кои 56.533 починале.