Во туристичката населба Беровско Езеро се гради крак 4 од секундарата водоводна мрежа


– Во тек е изградба на четвртиот крак од секундарната водоводна мрежа во туристичка  населба Беровско Езеро. Градежните работи, како што соопшти денеска беровскиот градоначалник Звонко Пекевски, се во должина од околу 500 метри. Со зголемување на населбата и се поголемиот број на корисници, како што додаде тој зголемена е и потребата од вода, со што постојниот капацитет не е доволен за да ги задоволи  потребите на корисниците.  

-Населбата во моментот има дел од секундарна мрежа, па со новата линија ќе се обезбедат дополнителни количини, со кои ќе се покрие уште еден дел од населбата и  домаќинства и преку кој се континуирано се работи на  решавање на  долгогодишниот проблем со водоснабдувањето во туристичка  населба Беровско Езеро, истакна Пекевски.  

Реализацијата на овој проект е од големо значење за  развој на  туризмот и  подобрување на  условите за живот на граѓаните. 

-За изградба на крак 4 од секундарна водоводна мрежа во туристичка населба Беровско езеро од Буџетот на Министерство за животна средина и просторно планирање, врз основа на Конкурсот за распределба на средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа на животната средина за 2024 година, обезбедени се средства во износ од 1.500.000,00 денари, дополни беровскиот градоначалник.

Од Буџетот на Општина Берово, за оваа намена ќе бидат кофинансирани 305.264,00 денари.