Во Турција за седум месеци убиени 285 жени
Во првите седум месеци од годинава во Турција се убиени 285 жени. Само во јули на територијата на земјата се убиени 31 жена, пишува весникот „Јени шафак“.
Според весникот, во последните седум години, убиствата на жените во земјата се зголемени четири пати.
Весникот наведува дека и покрај желбата на заедницата да се спречат насилствата и убиствата врз жените во пракса е спротивно.
Во последните десет години, во Турција се убиени 2.337 жени. Во 2011 година животот го загубиле 121 жена, а во 2018 година 440 жени се убиени.