Во Турција се измерени рекордни 50 степени Целзиусови, топлински бранови го чекаат Медитеранот
Областа Хаса во Југоисточна Хатај влезе во историјата на 14 август, бидејќи температурите се искачија до 50 степени Целзиусови, соборувајќи го националниот рекорд за највисока температура. Овој рекорд претходно три години го држеше округот Чизре во источен Ширнак со 49,1°C.
Хатај е една од најпогодените провинции од земјотресите на 6 февруари и е погодена од екстремните горештини во лето. Додека оние што живеат во градот се соочуваат со голем недостиг на вода, луѓето мора да чекаат во редици долго време за да добијат пристап до вода од невладините организации и владините агенции.
И вчера температурата не се намалувашедостигнувајчи 49,5 степени Целзиусови забележана во централната анадолска провинција Ескишехир, а експертите предупредуваат дека трендот на топлотни бранови во медитеранскиот басен ќе продолжи до 2040-тите.
Рекордна температура е забележана во централната анадолска провинција Ескишехир, напиша во вторникот вечерта министерот за животна средина Мехмет Ожасеки на платформата на социјалните мрежи Х, поранешна Твитер. Претходниот рекорд беше 49,1 степени Целзиусови и беше измерен во 2021 година, додаде Ожасеки.
Националната метеоролошка служба во средата предупреди дека топлотниот бран ќе продолжи да ги надминува нормалните сезонски температури за дури 11 степени. Главната причина за рекордите на топлина се климатските промени, вели Бариш Онол, професор по метеорологија на Техничкиот универзитет во Истанбул.
Иако временскиот феномен Ел Нињо носи и температурни рекорди, топлотните бранови стануваат се почести и подолго траат, рече Онол во телефонски разговор со ДПА. „Турција ќе биде многу повеќе изложена на високи температури во следните 30 до 40 години, како и остатокот од медитеранскиот регион“, предупреди тој.
Главната туристичка сезона во медитеранските земји ќе се пресели во септември и октомври од 2040 година, предвидува Онол. Управувањето со водите и водните ресурси ќе биде исто така клучно за регионот, смета Онол, и предвидува суша во летните месеци во годините што доаѓаат.
Турција е многу зависна од фосилните горива. Според официјалните податоци, околу 34,6 отсто од електричната енергија е произведена од јаглен во 2022 година, а 22,2 отсто од природен гас. Ожасеки потсетува дека целта на земјата е да достигне нулта стапка до 2053 година.