Во трката за вакцина Русија се сврте кон дезинформациите


Медицинска сестра ја подготвува руската вакцина за инјектирање кај доброволец (Фото: АФП)

 

Медиумите поддржани од Кремљ, како Раша тудеј и „Спутник“ спроведуваат широка кампања да ги оцрнат вакцините од Западот и да ги истакнат предностите на руската вакцина

 

 

Кога беа објавени две вакцини за Ковид-19 во една недела една од друга, секој беше радосен верувајќи дека сега се гледа крајот на глобалната пандемија.

Секој, односно, освен Русија.

Од летото, Москва спроведе глобална кампања за дезинформација насочена кон поткопување на вакцините произведени на Запад и промовирање на сопствен ривалски производ, особено во земјите низ светот во развој, според интервјуата со четворица национални и експерти за дезинформација на Европската унија и преглед на медиуми поддржани од Кремљ.

Тактиката – вклучително и написи кои напаѓаат високи извршни директори во „Фајзер“, САД фармацевтски гигант кој стои зад една од вакцините – стана поинтензивна откако беа објавени два третмани на почетокот на овој месец и го претставуваат последното поглавје во раширената операција за дезинформации, што прикажува дека одговорот на Западот во пандемија заостанува зад оној на Русија.

„Целта беше оцрнување на вакцините од Западот“, рече Брет Шафер, соработник во медиумите и дигиталните дезинформации на Германскиот Маршалов фонд на САД, тинк-тенк центар во Вашингтон. „Тоа е стратешки обид да се посее сомнеж за сопствените геополитички интереси на Москва“.

Во медиумските написи поддржани од државата на повеќе јазици, Кремљ ги изнесе тврдењата дека западните вакцини се експериментални, небезбедни и веројатно ќе пропаднат. Таа порака конкретно беше насочена кон земјите во Централна и Источна Европа, регион кој останува нулта точка за тековната битка за дигитална дезинформација меѓу западните сили и Русија, според двајца официјални претставници за дезинформација, кои зборуваа под услов на анонимност затоа што не беа овластени да зборува јавно.

„Западните производители на вакцини се потпираат на експериментални, малку проучени и недокажани долгорочни технологии, наидувајќи на пречки во нивните клинички испитувања“, рече Кирил Дмитриев, извршен директор на рускиот фонд за директни инвестиции, кој ја финансира вакцината на Кремљ, позната како „Спутник V“, во повеќе медиуми од Литванија до Молдавија, поддржани од државата.

Стратегијата падна во два табора.

Во Европа и Соединетите Држави, Москва ги потенцираше потенцијално штетните несакани ефекти на вакцините создадени на Запад – понекогаш привлекувајќи укори од високи воени и владини лидери за ова прикажување.

Многу од овие статии се широко споделени меѓу групите против вакцини на Фејсбук, засновани врз прегледот на „Политико“ на податоците од CrowdTangle, фирма за аналитика на социјалните медиуми, сопственост на Фејсбук, додека други собраа значителни интеракции преку споделување и лајкови на Твитер.

„Ако луѓето мислат дека вакцините во САД не функционираат тоа е она што Русија сака да го постигне на стратешка основа“, рече Јакуб Каленски, виш соработник во лабораторијата за дигитално форензичко истражување на Атлантскиот совет, која следи дезинформации „Целта е да ги натера луѓето да се сомневаат и да не веруваат во легитимните извори на информации“.

Тактиката на Кремљ, делумно, исто така е комерцијална.

Само неколку дена откако Pfizer и BioNTech ја објавија првата вакцина Ковид-19 во светот, Русија го следеше примерот со свој конкурент, финансиран од суверениот фонд за богатство на земјата. Додека независните научници ја поздравуваа веста, неколкумина повикаа на претпазливост заради малата големина на примерокот од кој Москва ја заснова својата анализа, како и недостатокот на податоци ставени на располагање на надворешни научници за да ги проверат резултатите.

На Раша тудеј на арапски, медиум поддржан од Кремљ, кружеа извештаи за тоа колку земји веќе се пријавиле за вакцината. Во своето англиско издание, пофалбите од Ши Џинпинг, лидерот на Кина, за вакцината на Русија собра огромна покриеност. Во руските медиуми на шпански јазик – некои од најчитаните медиумски организации во Латинска Америка – известувањето нагласуваше колку од владите во регионот се наклонети кон руската вакцина.

„Совршено е да се поттикне комерцијалниот аспект“, рече Каленски од Атлантскиот совет. „Но, тоа не е примарен мотив. Ширењето конфузија е поважно за руската влада“.  (Политико)