Во Тетово веројатно ќе има втор круг, предноста на Касами е недоволна
Со пребројани 89, 74 отсто од гласовите на изборите за градоначалник на Тетово сосема е веројатно дека таму ќе има и втор круг. На денешните избори најмногу гласови досега има актуелниот градоначалник Билал Касами од „Вреди“, 17.052 (или 47,05 отсто), а втор е Бајрам Реџепи од коалицијата околу ДУИ со 13.390 (или 36,95 проценти). На трето место е Катка Божиновска од Левица со 2.925 гласа (или 8.07 отсто). Досега се избројани гласовите од 105 избирачки кутии од вкупно 117.