Во тек е исплата на образовниот додаток за првиот мерен период за учебната 2024/2025 година
Министерството за социјална политика, демографија и млади соопшти дека во тек е исплата на образовниот додаток за првиот мерен период за учебната 2024/2025 година.
-Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди и тоа за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година, а за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година, велат од Министерството.
Оттаму додаваат дека за исплатата за третиот мерен период во текот на месец мај во тековната календарска година и за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на месец јули во тековната календарска година.