Во светот се одржуваат демонстрации за климатски промени


Илјадници претежно млади луѓе излегоа на улиците во  Австралија и азископацифичките земји и ги почнаа глобалните протести со кои ги повикуваат светските лидери на самитот на ОН за климатски промени да донесат итни мерки за да се спречи еколошка катастрофа.

Протести, кои ги иницира 16-годишна шведска активистка Грета Тинберг, се планирани во околу 150 држави.

Целта е да се укаже на последиците од климатските промени врз планетата и да се упати барање до владите итно да се ограничат активностите кои водат кон понатамошно загадување на животната средина.

Протестите ќе „кулминираат“ во Њујорк кога Тинберг, која веќе е номинирана за Нобелова награда поради својот активизам за климата, ќе предводи собир пред седиштето на ОН.

Грета Тинберг на Твитер објави дека има огромен одѕив на демонстрантите во Австралија, и напиша дека тие веќе поставиле стандарди кои ќе ги следат други млади луѓе кои денеска се ќе се соберат во Азија, Европа и Африка.