Во Србија вакцинирани 22.000 луѓе, се пријавиле 280.000


 

Во Србија до вчера биле вакцинирани 22.000 луѓе, во десет градови, а за вакцинирање се пријавиле 280.000

Државниот секретар во Министерството за здравство Мирсад Џерлек вели дека вакцинацијата поминала без проблеми и дека интересот е поголем од очекуваното.

Досега се пријавиле 280.000 за вакцинација, а целта е наредните денови да се отворат 300 вакцинални пунктови за имунизација.

„На пунктовите ќе има од три до 10 вакцинални екипи, а идејата е да вакцинираме 50 до 100 луѓе во еден час, и тој број од 22.000 да се зголеми за четири пати во следните денови“, рече Џерлек.

Во Србија вчера стигнаа првите милион дози од кинеската вакцина на „Синофарм“. Вакцината треба да добие дозвола од Агенцијата за лекови и медицински средства по што ќе биде во употреба.

Претседателот Александар Вучиќ изјави дека епидемиолошките мерки и нивното евентуално попуштање е во надлежност на Кризниот штаб, но дека сигурно не би смеело да има опуштање, затоа што и понатаму има висок број починати од корона вирус. Очекува што поскоро да почне масовната имунизација.