Во Србија уште 6.217 новозаразени и 65 починати
Според последните податоци во соседна Србија, денеска се регистрирани 6.217 новозаразени, а истовремено починаа 65 пациенти од последиците на Ковид-19.
тестирани биле 22.574 лица. На респиратор се приклучени 277 пациенти, а во болница се лекуваат 6.788.
Досега епидемијата од кроона вирус, во Србија однесе 9.826 животи, а процентот на смртност изнсува 0,87 отсто.
Децата – ризична група
Сѐ повеќе деца се заразни со корона виурсот кај нашиот северен сосед. Во моментот, во ризик се деца на возраст од две до три години.
Професорот д-р Лвадислав Вукомановиќ, детски кардиолог од Институтот мајка и дете, проценува дека наскоро ќе се појави потребата од вакцинација на децата помлади од 12 години.
Началничката на интензивна нега на Универзитетската детска болница, Снежана Рсовац, денеска рече оти кај нив има три деца во тешка состојба.
Децата заразени со корона вирус имаат тешка клиничка слика, а две бебиња се на механичка вентилација и се во критична состојба.
Во однос на учебната година досега во шест општини е воведен вториот модел на настава, односно се преминува на онлајн настава од 1 ноември,.