Во Србија речиси 7.000 новозаболени, починаа 64 пациенти
Во Србија до последниот пресек потврдени се 6.948 новозаболени со Ковид-19, додека од последиците од оваа болест починаа 64 лица.
На респиратор се 277 пациенти, а на болничко лекување 6.791.
Направени се анализи на 24.490 примероци.
Од почетокот на епидемијата во Србија тестирани се 6.230.395 примероци, а вирусот е потврден кај 1.118.905 луѓе.
Процентот на смртност е 0,87.