Во Србија повеќе од 3.000 новозаразрени, починаа 41 пациент


 

Во Србија до последните пресек потврдено е дека има 3.058 новозаболени, а почина 41 пациент.

Досега кај северниот сосед, тестирани се 3.577.398 грашани, а во последните 24 часа, 14.034.

Според податоците од Министерството за здравство и Институтот „Батут“ на респиратори се 260 луѓе.

Пунктовите за вакцинација работат и денеска до 19 часот, а се вакцинира и без закажување.

„За три дека на пунктовите за вакцинација без закажување вакцинирани се 12.516 лица“, вели Наташа Станисављевиќ, која ги повика граѓаните да се вакцинираат затоа што тоа е единствениот начин да и се застане на патот на пандемијата.