Во Србија од корона вирусот починаа уште 65 пациенти


Според последните информации во Србија регистрирани се уште 4.804 новозаразени со корона вирусот, а починаа 65 пацинти.

На респиратор се 272 пациенти, а во болница се лекуваат 6.698.

Во последните 24 часа теситрани се 16.931.

Процентот на смртност изнесува 0,87.

Лекарите постојано повикуваа на вакцинација, а нивната проценка е дека и понатаму премалку луѓе доаѓаат да примат прва доза од вакцините.