Во Србија мораториум на отплата на кредитите побарале 94 отсто од граѓаните


За тримесечен мораториум на отплата на кредитите во Србија, воведен со прогласување вонредна состојба, се јавиле 94 отсто од граѓаните и 93 од стопанствениците, јавија српските медиуми.

Според претставник на Здружението на банки за ваквиот одзив многу влијаел психолошкиот момент бидејќи по донесувањето на правилата за мораториумот, кој истекува на 1 јули, имало многу прашања и неизвесност. Големите бизнисмени продолжиле да ги плаќаат кредитите бидејќи имале доволно средства.

Што се однесува до станбените кредити, повеќето граѓани избрале да продолжат да ги плаќаат. Банкарите не очекуваат проблеми по завршувањето на мораториумот, освен во областа на туризмот и угостителството, кои се најмногу погодени од кризата.