Во Србија ќе се формира тело од 10 членови за ревизија на избирачкиот список


Во Србија ќе биде формирана комисија од 10 експерти за ревизија на избирачкиот список. Таа комисија ќе биде под надлежност на Собранието , како дел од измените на Законот за единствен избирачки список, најави денеска српската министерка за државна управа и локална самоуправа Снежана Пауновиќ.

Мандатот ќе биде пет години.

„Членовите ќе имаат можност да предлагаат и да влијаат на самиот избирачки список во однос на корекции, доколку тие треба да се случат некаде. Министерството за државна управа и локална самоуправа и Министерството за внатрешни работи ќе бидат обврзани да разговараат за ова со нив и да ги спроведат нивните основани приговори“, изјави Пауновиќ.