Во Србија им воведоа ковид-сертификати, а тие протестираат
Во Србија синоќа во 22 часот, во согласност со одлуката на Кризниот штаб за борба против корона вирус, стапи на сила обврската за поседуање важечки ковид-пропусници за престој во сите угостителски објекти во затворен простор.
Нешто порано на улиците на Белград се одржа протест против мерките. Траеше некое време, а потоа луѓето се разотидоа, а протече мирно.
Парични казни од понеделник
Поседување на ковид-пропусници задолжително е за влез во ресторани, кафулиња, барови и слични ојекти по 22 часот. Од синоќа почна и контрола за ковид-пропусници, а парично казнување почнува во понеделник, пишува Б92.
Ковид-сертификатите подразбираат едно лице да биде вакцинирано, да има негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, антигенски не постар од 48 часа или да проеболело Ковид-19.
Иако некои кафулиња најавија дека на влез ќе овозможат тестирање на антигени за своите гости, контролата нема да ги прифаќа тие резултати.
Контролите подразбираат зелена ковид-потврда. Ако поцрвени нема да можат да влезат. КОнтролата ја спроведува комуналната милиција, санитарната инспекција и други инспекциски служби.