Во Србија до 10 часот гласале 9,94 запишани гласачи, според РИК гласањето се одвива без проблеми


Белград – Граѓаните на Србија денеска гласаат на паламентарни, покраинаски избори, за советници на Собранието на Град Белград и 64 други локални собранија. На конференцијата на Републичката изборна комисија беше соопштено дека излезноста до 10 часот е 9,94 отсто, и дека гласањето се одвива непречено, јави допсиникот на МИА од Белград.

-На републичко ниво до 10 часот гласале 9, 94 отсто од запишаните гласачи. Колку за споредба на изборите во 2020 година во исто време излезеноста била помала и изнесувала 9,55 отсто гласачи, изјави Владимир Димитријевиќ, претедател на РИК на прес конференција.

Според РИК, излезеноста во Белград до 10 часот изнесува 9,78 отсто, во Шимадија 11, 61, Јужна Србија 9,3 отсто.

Тој упати апел да не се шири паника, пред се од невладините организации кои тоа го прават на социјалните мрежи, без да наведат докази и на кои бирачки места има евентуални неправилности.

Претедателот на РИК ги демантираше паушалните наводи на бирачките места во Рашка, Земун, Стар Гради и Руски крст, за наводни паралени спискови што се правеле на самите бирачки места, како и во круг од 50 метри од гласачите места, дека РИК истите ги проверил, повторно апелирајќи да не се шири паника и притисок избирачките одбори.