Во Србија официјалниот број на починати од Ковид-19 надмина 10.000
Во Србија денеска се регистрирани уште 63 починати од корона вирус, со што Србија официјално надмина 10.000 жртви од Ковид-19.
Денеска се регистрирани 5.896 заразени, починаа 63, а на болничко лекување се 6.760 пациенти, додека на респиратор се 290.
Тестирани се 19.952 примероци, а од почетокот на епидемијата тестирани се 6.332.571.
Од почетокот поради корона вирусот починаа 10.018, а процентот на смртност е 0,87 отсто.
Според статистиката, бројот на починати на дневно ниво почна да расте во септември, а потоа на 2 октомври забележаа повеќе од 50 починати.
Во последниот месец, во Србија само два дена имала помалку од 50 починати дневно, на 3 и на 8 октомври кога беа избројани по 49 жртви. Треба да се напомене дека во неодамнешниот период, односно претходните девет дена секојдневно се бележат повеќе од 60 мртви во 24 часа
Поради влошената епидемиолошка ситуација, односно пораст на бројот на заразени и починати од корона вирус, Кризниот штаб се одлучи за воведување на ковид-пропусници.
Примената почна во саботата на 23 октомври.