Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, Мис на Балканот за 2022

Ѓулер Ердоган, 27-годишна манекенка и Мис на Балканот за 2022 година, загина додека се обидувала да и побегне на полицијата во Турција.
За време на празникот Рамазан Бајрам, Ѓулер престојувала во Гиресун, каде, според извештаите, во еден момент била забележана како неподвижна лежи на крајбрежниот пат.
Случајни минувачи ги известиле властите, а по пристигнувањето на полицијата и брзата помош било потврдено дека таа починала, пренесува Хуриет.
Инцидентот се случил на Црноморскиот крајбрежен пат во областа Хаџихуесин. Се претпоставува дека во неа удрило возило додека ја преминувала улицата.
Познато е дека работела како модел и била ангажирана во агенција.
Весникот Сабах пишува дека Ердоган „пиела алкохол и се забавувал со пријателите“ за време на прославата на празникот.
Таа, наводно, била запрена од полицијата, а подоцна била констатирана дека е „пијана“. После тоа, како што пишува, таа се обидела да побегне и била удрена пд автомобилот.
Полициската истрага за околностите на нејзината смрт е во тек.