Во Словенија само 517 новозаразени, но и малку тестирани

Во Словенија во последните 24 часа намален е бројот новозаразени со корона вирусот, но тоа се должи и на помалиот број тестови. Потврдени се 517 нови случаи, а починале 33 лица.
Тестирани се 1.664 примероци.
Во моментот активни се 18.537, а просечниот број новозаразени дневно во последните сеудм дена изнесува 1.288.
Во болница се 1.179, а 205 од нив на интензивна нега.
Вкупно досега со Ковид-19 починаа 2.565 пациенти.
Во Словенија продолжува вакцинирањето кое почна вчера, и тоа во домовите за стари лица.