Во Словенија речиси секој петти заразен, денеска 794 нови


 

Во Словенија од 4.326 тестирани позитивни на корона вирус биле 794, односно 18,4 отсто од тестираните, објави Институот за јавно здравје.

Починаа двајца пацинети, пренесе ТВ Словенија.

Во моменотв на болничко лекување се 313 пациенти, од кои 56 на интензивна нега.

Зголемен е и бројот заразени во домот за стари „Каринтијан“ во Ченечи, каде вирусот е откриен кај 11 штитеници и двајца вработени.

Во домот има уште 256 штитеници и 151 вработен, а од нив веќе се заболени 12 штитеници и шест вработени.

Во Словенија од почетокот на пандемијата од Ковид-19 заболеа 14.777 лица, а починаа 192.