Во Словенија позитивни се 43 отсто од тестираните
Во Словенија, денеска се регистрирани 1.282 нови случаи со корона вирус. Починаа уште 12 пациенти.
Уделот на позитивни од тестирани е 43,3 отсто, пренесе Хина.
Националниот институт за јавно здравје проценува дека во земјата во моментот, активни се повеќе од 36.600 случаи со корона вирус.