Во Словенија потврдени 15 случаи на новозаразени со корона вирусот

Во Словенија се потврдени 15 нови случаеви на лица заразени со корона вирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Вчера лекарите направија вкупно 1.161 тестирања, а од почетокот на епидемијата за присуство на корона вирусот се проверени речиси 50.000 граѓани.
Намалување има во бројот на хоспитализирани, па така во овој момент болнички поради Ковид-19 се лекуваат 77 лица, а 23 пациенти поради потешка форма на болеста се наоѓаат на одделите за интензивна нега.
Изминатото деноноќие четири пациенти се отпуштени од болница, а еден човек почина како последица од Ковид-19.