Во Словенија починаа 45, во Унгарија рекордни 182 лица, во Русија 554


Според последните податоци од денеска во Словенија починале 45 лица од Ковид-19, со што вкупната бројка на жртви се искачи на 1.592. Потврдени се нови 1.772 инфекции од 6.604 тестирања. Моментално има активни 20.277 случаи.

Унгарија сигна до црниот рекорд на починати од почетокот на пандемијата во еден ден – 182 лица. Вкупната бројка на жртвите изнесува околу 5.300 лица. Потврдени се 6.600 нови инфекции. Моментно има дури 159.500 активни случаи од корона вирусот. Во унгарските болници од Ковид-19 се хоспитализирани 7.700 пациенти, од кои 663 се на респиратори.

Во Русија не се намалува бројката на нови инфекции. Денеска нивниот број изнесува 28.145, што е нов рекорд од почетокот на пандемијата. Од последиците од Ковид-19 умреле 554 лица, соопшти агенцијата Тасс. Вкупниот број на починати изнесува 41.697, а активни случаи има 474.000