Во Словенија 49 починати, 1.849 нови инфекции


Пандемијата со корона вирусот не се забавува во Словенија, во податоците за средата регистрирани се 1.849 нови позитивни случаи од 6.410 тестирања, што е 28,8 отсто. Починаа 49 лица, од кои 39 во болници, а 10 во старски домови. Бројката на хоспитализирани изнесува 1.258, од кои 189 се на интензивна нега.